Денешниот стилски двобој го посветуваме на две младешки и романтични комбинации.

Првата креација е од последната Ресорт колекција на Оскар де ла Рента. Се работи за комбинација на широко здолниште и топ во форма на боди. Здолништето има широк појас, џебови на во долниот дел има цветна бордура.

Оскар де ла Рента

Моник Лулие во својата Ресорт колекција исто така ги имплементира цвеќињата. Се работи за фустан составен од два дела – црн топ без ракави и бело широко здолниште со набори во струкот.

Цвеќињата се имплементирани насекаде на здолништето и ја прават креацијата весела и младешка.

Моник Лулие

Кога се обувките во прашање, и двајцата дизајнери се одлучиле тоа да бидат сандали, додека фризурите и кај двете моделки е лежерна и природна.

Која креација би сакале вие да ја носите?

Објавено:
29 јули 2015
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.114 пати