Денешниот стилски двобој го посветуваме на две дами од две кралски семејства - принцезата Софија од Шведска и Меган Маркл. 

Имено, принцезата од Шведска неодамна се појави на еден музички настан во родната земја во смарагдно зелен фустан кој неодоливо ги потсети сите на оној што Меган Маркл го носеше на забавата по свечената веначвка.

Креација на Маркл ја потпишува Стела Макартни, додека податоци за тоа кој го создал фустанот на принцезата Софија нема информации, но сличноста е повеќе од очигледна.

Кројот е речиси идентичен, со таа разлика што фустанот на принцезата Софија е потесен и повеќе ја следи линијата на телото, особено во долниот дел. Од друга страна, во делот на околувратникот, фустаните се идентични.

Чија комбинација повеќе ви се допаѓа и на која фустанот ѝ стои подобро?

Објавено:
18 јуни 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.938 пати