Двете другарки, Ријана и Ким Кардашијан имаат сличен стил, а доказ е и последниот стилски двобој.

Овој пат се работи за фустан од Џамбатиста Вали, односно реплика на истиот од брендот Off White.

Пејачката минатата година на премиера на „Valerian“ во Лос Анџелес носеше син фустан со карнери од споменатиот дизајнер.

Во нејзин стил, го искомбинира со патики и црни очила за сонце. Веројатно за многумина чуден избор, но сепак се работи за Ријана и на неа едноставно тоа ѝ се може и ѝ стои.

Ким Кардашијан пак, на својот Инстаграм профил објави фотографија со пастелно розова варијанта на фустанот, но од брендот Off White.

Сличноста е повеќе од очигледна, а Ким го комбинираше со салонки на висока потпетица и футуристички очила за сонце.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
15 март 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.069 пати