Пипа Мидлтон не се појавува многу често во јавност, но неодамна беше забележана во Лондон, како ги извршува секојдневните обврски и тоа на велосипед, нејзиниото омилено превозно средство.

Сепак, во фокусот на вниманието на модните магазини е капутот кој го носеше, а е креација на модната блогерка и дизајнерка Алекса Чанг. 

Карираниот капут одлично се вклопи во нејзиниот лежерен стил. Со фармерки, рамни чизми до глужд и темносина ролка, Пипа уште еднаш покажа дека има одличн моден вкус.

Но, не само таа. Деновиве во Лондон беше и Рис Витерспун, која заедно со Опра беше дел од неколку емисии. Актерката го носеше истиот капут, само во малку поразлични нијанси.

Еднаш го комбинираше со цветен фустан на „Ердем“, додека другиот пат беше зелен коктел фустан во прашање.

Со тоа покажаа дека ова парче може да соодветствува во два сосема различни стила.

На која подобро ѝ стои?

 

фото извор: dailymail.co.uk; pinterest.com;

Објавено:
19 март 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
302 пати