Денешниот стилски двобој е помеѓу актерката Росамунд Пике и Меган Маркл. И двете носат креација од дизајнерката Емилјиа Викстед.

Се работи за миди фустан, кој има ролка и куси ракави. Долниот дел е широк и од парчиња, а фустанот е сечен и на половина, со што се истакнува струкот.

Пике се одлучи за бела варијанта на креацијата, која ја искомбинира со сандали на ремче, додека Маркл за црната, во комбинација со чевли, шапка и клач чанта.

На која подобро и' стои?

 

Објавено:
9 јануари 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
854 пати
Тагови: 
двобој Пике Маркл