Конечно викенд! Искористете го на најдобар можен начин. Некои од вас можеби ќе одлучат да излезат од градот, а некои ќе го искористат за пролетни прошетки.

За што и да се одлучите, ние ви даваме една удобна и лежерна комбинација, но сепак тренди. 

Фармерките со висок струк и везени цветни мотиви ги комбинираме со интересна сина кошула, како и тексасна јакна исто така со везени апликации.

Кога се обувките во прашање, предлагаме едни во пастелно сино-зелена нијанса, на полна потпетица. Чантата е во слична нијанса, а иако овде ги нема, слободно земете си ги и омилените очила за сонце.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
8 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
508 пати