Американската комичарка, актерка и продуцентка, Марџори Харви и Селин Дион имаат сличен моден вкус, барем ако се суди по оваа комбинација.

Имено, и двете се појавија годинава во палто со потпис на „Гучи“ од колекцијата пролет 2017 годинa.

Интересно е што и пејачката и актерката го искомбинираа со панталони, но токму тоа и ја направи комбинацијата различна.

Кај Селин, тоа се зелени панталони и бели обувки. Од друга страна, Марџори го искомбинира палтото со панталони во шампањ нијанса и црвени сандали.

Разликата оди и во изборот на модни додатоци - голема зелена, наспроти мала, бисерна чанта.

Чија комбинација повеќе ви се допаѓа?

 

фото извор: pinterest.com; 

Објавено:
24 јули 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
258 пати