Хрватската пејачка Северина важи за една од најдотераните јавни личности на Балканот, па секогаш го привлекува вниманието со своите модни комбинации.

Овој пат е во центарот на вниманието бидејќи носи здолниште од брендот „Гучи“, едно од најпопуларните и бараните парчиња, вредно околу 1.300 евра, но уште повеќе бидејќи истото го носи и светската дива Бијонсе.

Интересно е што комбинациите им се сосема различни.

Бијонсе го комбинира со блузон, јакна и чанта од истиот бренд, и кадифени сандали со потпис на „Сен Лоран“.

Од друга страна, Северина ја комбинира со класична „Гучи“ маица, сиво сако и салонки во истата боја. Исто како и Бијонсе, бира чанта од истиот бренд, но различен модел. Хрватската пејачка се одлучи за популарниот модел „Дионизис“.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
21 март 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.263 пати