Хрватската пејачка Северина, неодамна се појави во фустан од британската дизајнерка Александра Рич, во која предизвика големо внимание.

Едноставниот фустан кој ја следи линијата на телото, збогатен со ремен со срце и копчиња во делот на рамениците. 

Но, таа не е единствената што го носеше. Ова е еден од најпопуларните фустани на дизајнерката, а беа избор и на Кејти Пери, која го носеше на свршувачката.

Криси Тиген се појави во истата креација за време на едно гостување кај Елен Деџенерис.

Но, списокот не е завршен.

Во портокалово-црвена нијанса на истиот фустан се видени и Џануари Џонс уште во 2017 на една свеченост, како и Ема Луис Коноли, која се појави во истата креација на свадбата на принцезата Јуџини.

И покрај тоа што не се работи за нов модел, фустанот се уште предизвикува интерес кај познатите, а ние ве прашуваме, на кого најдобро му стои?

Објавено:
7 март 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
980 пати