Едноставниот, но практичен модел нуди можност за комбинирање во лежерни комбинации, а прва на црвениот килим во него се појави Алекса Чанг, која комбинацијата ја надополни со салонки со PVC детали и чанта од Шанел.

Следејќи го примерот на Чанг, холивудската стилистка Рејчел Зое се одлучи за истиот модел, но изгледот го надополни со впечатлив бисерен ѓердан, бела бунда, црни хулахопки, салонки и клач чанта.

Според вас, на која од нив две подобро и стои креацијата од Шанел?

Објавено:
7 април 2014
Категорија: 
Стилски двобој