Стилски двобој: Амал Клуни или Сара Џесика Паркер?

16 март 2016

За денешниот стилски двобој одбравме две дами што несомнено добро владеат со трендовите и стилските решенија – Амал Клуни и Сара Џесика Паркер.

Доказ за тоа е дека одбраа и исто парче, долг, црно-бел елек од модниот бренд „Tome“, што го вклопија во два тотално различни стајлинзи.

Амал Клуни

Амал го искомбинира со сиви, искинати фармерки, кус црн топ и црни кожени обувки.

Сара Џесика Паркер пак се одлучи за поелегантна варијанта, и го вклопи со широк бел фустан, под колена. Кога се обувките во прашање, Сара одлучи тоа да бидат маслинесто зелени салонки, а од модните додатоци има и чанта во иста боја и дискрени обетки.

Сара Џесика Паркер

Црна кожена чанта и очила за сонце се модните додатоци на Клуни.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
16 март 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.826 пати