Стилски двобој: Блејк Лајвли или Нина Бадриќ?

20 септември 2018

Се чини дека жените оваа сезона се вљубени во костимите, па така многу често можеме да видиме прекрасни дами облечени во машки костими и варијации од истите.

За промотивната турнеја на нејзиниот нов филм „A simple favor“, актерката Блејк Лајвли речиси на секое појавување носеше фантастични костими како комбинација на палто, панталони, елече, стилска кошула, модни додатоци и секогаш одлични чевли.

Се чини дека и дамите од Балканот го присвоија овој тренд, па така многу често можеме да видиме некои од познатите пејачки, актерки и водителки облечени во вакви костими.

Последно, во сличен костим како оној на актерката се појави балканската дива Нина Бадриќ која за разлика од Лајвли, одбра целосно бела боја на парчињата.

Додека актерката костимот го комбинираше со рамни чевли со врвки, пејачката се одлучи за сандали на висока потпетица и впечатлива шминка со лежерна фризура.

Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?

Извор и фото: Tportal.hr

Објавено:
20 септември 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.057 пати