Денешниот стилски двобој го посветуваме на Том Форд. Неговата зимска колекција содржи парчиња за повеќе пригоди, а ние одбравме две кои многу добро го прикажуваат тоа.

Црната блуза, со долги ракави со карнер и пеплум, Том Форд ја искомбинира со џинс. Високите чизми кои до колена се црни, а потоа во пачворк техника, оддаваат поинаков впечаток, што комбинацијата ја прави интересна и разиграна. 

Од друга страна пак, истата блуза, со сличен накит, ја комбинира со кожено здолниште во кафени тонови и црни лакирани чизми. 

И двете комбинации се одлични за повеќе пригоди. Дали ќе одите на средба со пријателите, момчето или на некоја забава, нема да згрешите. Том Форд одлично си поиграл со боите и материјалите, притоа давајќи елегантна нота со едноставната црна блуза.

Која комбинација повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
25 септември 2015
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
720 пати