Без разлика на годините Џенифер Лопез знае како да ги истакне своите препознатливи атрибути. Овој пат за премиерното издание на Американски Идол пејачката се одлучи за краток, тесен , мини фустан, црно - бела комбинација, со мозаик принт од Том Форд. Изгледот го надополни со бели чевли, дијамантски обетки и минимална шминка.

Од друга страна, Бијонсе се одлучи за истиот модел на фустан од пролетната колекција на дизајнерот за 2014 година, но во црна нијанса, надополнето со чизми над колена со отворен прст.

Според вас, која од овие две диви изгледа подобро во креацијата на Том Форд?

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Стилски двобој