Стилски двобој: Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан или Џенифер Лопез

23 март 2016

Денешниот стилски двобој всушност ни е тробој. Фустанот на дизајнерот Том Форд, со патент од левата страна што потоа се шири на грбот, освои повеќе познати дами.

Џенифер Лоренс (лево) - Ким Кардашијан (средина) - Џенифер Лопез (десно)

Џенифер Лоренс минатата година носеше црн таков фустан на една од премиерите на „Игри на гладта“.

Џенифер Лоренс

За бело издание на креацијата се одлучи Ким Кардашијан на БЕТА наградите, додека црвената верзија на ова дизајнерско парче беше изборот на Џенифер Лопез за нејзиниот роденден минатата година.

Ким Кардашијан

Џенифер Лопез

Секоја од познатите дами одлучи на свој начин да го стилизира фустанот. Чиј изглед најмногу ви се допаѓа?

 Џенифер Лоренс или Џенифер Лопез?

Џенифер Лоренс или Ким Кардашијан?

Џенифер Лопез или Ким Кардашијан?  

Објавено:
23 март 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.353 пати