Фустан од модната куќа „Гучи“ беше во центар минатата недела, кога медиумите открија дека неколку познати личности го носеле.

Во нашиот стилски двобој ги одбравме актерките Џулија Робертс и Селма Хаек.

Во октомври минатата година, Џулија Робертс се појави прва во оваа креација и тоа на доделувањето на InStayle Awards. Всушност, нејзиниот стајлинг беше комплетно прекопиран од писта. Иако само очилата не се со потпис на брендот, сепак одлично се вклопија во замислата на Алесандро Микеле.

Селма Хаек пак, во март годинава гостуваше во емисијата на Џими Кимел токму во оваа креација, само во црна варијанта, што ја искомбинира со црни сандали со ременчиња.

А поводот за овој двобој всушност на медиумите им беше Ријана, која неодамна се појави во зелен „Гучи“ фустан, кој го носеше на смел и транспарентен начин, сосема во нејзин стил, без градник.

На кого најдобро му стои?

Објавено:
1 јуни 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
539 пати