Стилски двобој: Хајди Клум или Џорџија Меј Џегер?

30 јуни 2014

Иако меѓу нив постои разлика од 20 години, Хајди Клум и Џорџија Меј Џегер имаат сличен вкус во однос на модните парчиња, па така на различен настан се појавија во ист мини фустан во црвена боја.

Хајди Клум знае секогаш да одбере парче кое ќе ја истакне нејзината феноменална фигура, па така и овој пат црвениот фустан со минималистички крој го комбинираше со сандали со високи потпетици со змиски принт.  Минатата недела Џорџија Меј Џегер отпатува во Мадрид на отворањето на нов продажен салон за очила за сонце, а за тој повод се појави во истата креација, но комплетирана со тренди сандали со металик детали.

Според вас, која од двата модели изгледа подобро во малиот црвен фустан?

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Стилски двобој