За денешниот стилски двобој одбравме две популарни и макартни дами –Ирина Шајк и Селена Гомез.

Неодамна се одржи тематската забава на L’Oreal – Red Obsession Party во Париз, каде сите поканети дами мораа да бидат облечени во црвена креација. Изборот на Ирина Шајк беше црвено кусо фустанче со потпис на модната куќа „Диор“.

Ирина Шајк

Истиот тој фустан го носеше и младата Селена Гомез, неколку месеци претходно.

Уште поинатересно е дека и двете имаат слична фризура и клач чанта како моден додаток со кој ја надополнуваат комбинација.

Селена Гомез

Единствено изборот на обувки им се разликува. Ирина се одлучи за сандали, додека Селена за транспарентно-црни чевли.

На која подобро ѝ стои „Диор“?

Објавено:
10 март 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.988 пати