Стилски двобој: Кејт Бланшет или Кејт Винслет?

20 јануари 2016

Денешниот стилски двобој го посветуваме на фризурите. Годинешното издание на „Златен глобус“ беше инспиративно кога е изгледот на црвениот килим во прашање.

Конкретно, меѓу фризурите владееше ретро нотата, а Кејт Бланшет и Кејт Винслет ни го привлекоа вниманието со нивниот избор.

Нивните фризури беа мошне слични, но секако не исти. И двете се одлучија косата да ја истакнат на едната страна. 

Кејт Бланшет

И додека Бланшет имаше рамна коса, на едната страна потенцирана како лажен боб, Винслет се одлучи за брановидна варијанта и пунџа на страна.

Кејт Винслет

Преминот од едната на другата страна и кај двете е направен со плетенка.

Која Кејт повеќе ви се допаѓа?

 

Објавено:
20 јануари 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
655 пати