Стилски двобој: Кејт Мидлтон или кралицата Максима?

23 септември 2019

За војвотката Кејт Мидлтон веќе знаеме дека е една од најстилските дами во светот, а истото можеме да го кажеме и за шармантната кралица Максима од Холандија.

На еден настан во Апелдорн, 48 годишната Максима се појави во шик комбинација која е како создадена за овие први есенски денови.

Ако се навратиме неколку денови наназад, можеме да забележиме дека кралицата Максима носи многу слична комбинација како онаа во која Кејт Мидлтон се појави при посетата на еден здравствен центар во Лондон.

Војвотката од Кембриџ носеше елегантни црни килоти во комбинација со црна кошула со бели точки, а Максима одбра подеднакво стилски темно виолетови кожени килоти и нежна виолетова кошулка со бели точки.

New My Royals

Мора да признаеме дека и двете дами изгледаа навистина впечатливо во овие комбинации и неодоливо потсетуваа една на друга.

Максима комбинацијата ја заокружу со виолетови потпетици, додека Кејт со црни чевли на малку подебела потпетица.

Која ви се допаѓа повеќе?

Инфо: Tportal.hr

Објавено:
23 септември 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.200 пати