Стилски двобој: Кели Куоко или Џесика Гомес

3 февруари 2016

Во денешниот стилски двобој се ѕвездата на серијата Big Bang Theory (која велат заработува и по милион долари од епизода) и моделот Џесика Гомес.

И двете се во креација на сестрите Ванеса и Габриеле Манинг, што работат под името „Манинг Картел“.

Светкавиот фустан со транспаретна тантела беше изборот на Куоко на годинешново издание на People Choise Awards, што се одржа минатиот месец.

Таа на црвениот килим се појави во црни патики, што сите го коментираа како катастрофална модна грешка, но на сцената и официјалниот дел, фустанот го комплетираше со отворени сандали.

Џесика Гомес, ѕвездата на магазинот Sport Illustrated, оваа креација ја носеше на минатогодишните ARIA награди во Сиднеј. Кога се обувките во прашање, и таа се одлучи за сличен модел на сандали како на Куоко.

Поради впечатливоста на фустанот и двете се одлучиле изборот на модни додатоци да го сведат на минимум.

Која повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
3 февруари 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
311 пати