Стилски двобој: Која креација од Alice+Olivia би сакале да ја носите?

20 јануари 2015

Првата креација е спој на блуза со должина до папокот и долго здолниште со впечатлив шлиц на средината. Изгледот е комплетиран со чевли во неутрална нијанса, исто како што е и креацијата и чанта во посветла нијанса, со истакнат патент за разбивање на монотонијата.

Втората креација е исто така спој на блуза и здолниште, но за разлика од првиот дизајн, долниот дел е волуменозен и дозволува поголема слобода во движењето. За целосен изглед, комбинацијата е комплетирана со чевли на висока потпетица и клач чанта.

Која креација од Alice+Olivia by Stacey Bendet ќе биде вашиот избор?

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Стилски двобој