Стилски двобој: Која од двете креации на Долче и Габана би сакале да ја носите?

13 октомври 2014

Оваа недела стилскиот двобој ќе биде помеѓу две креации од Долче и Габана со ист принт.

Првата креација е краток фустан во темно бакарно нијанса со металик ефект и цветен принт низ целата креација. Ова парче е идеално за класичен изглед и одлично се комплетира со впечатлив накит, клач чанта и рамни чевли.

Втората креација е идеална за сите оние припаднички на понежниот пол кои негуваат деловен изглед. Во конкретниот случај станува збор за здолниште во бакарна нијанса со цветен принт со висок струк и бела маица без ракави. Овие парчиња одлично се вклопуваат со мала чанта и сандали на висока потпетица.

Според вас, која од овие две креации од Долче и Габана совршено би се вклопила во вашиот стил?

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Стилски двобој