Стилски двобој: Кристина Агилера или Рејчел Вајс

10 мај 2013

Агилера и Вајс во фустан на Викторија Бекам Агилера и Вајс во фустан на Викторија Бекам

 

Рејчел Вајс се појави на премиерата на филмот „Оз, великиот и моќниот“ облечена во овој интензивно портокалов фустан на Викторија Бекам. Моделот на фустан има и беж прерамки и неколку детали во бела боја, а Вајс го комбинирала со чанта на Ланвин и накит на Тифани. Минималистичкиот крој на фустанот бара и посмирен стајлинг што актерката го постигнала со едноставна залижана фризура.

 

Рејчел Вајс Рејчел Вајс

 

Кристина Агилера за гала настанот на списанието Time го избра истиот фустан, но во црна боја. Еве пример како една креација со ист крој може да предизвика различен ефект. Пејачката во случајов, креацијата на Бекам ја комбинирала со дијамантски ѓердан од Лорејн Шварц, брановидна фризура и жар-црвен кармин. И двете изгледаат солидно, иако повеќе навиваме за Рејчел Вајс. Сепак, нападниот ѓердан и нагласеното деколте на Агилера придонесуваа таа изгледа вулгарно, а не волшебно...

 

Кристина Агилера Кристина Агилера

 

 

Објавено:
10 мај 2013
Категорија: 
Стилски двобој