Прекрасната руска манекенка Ирина Шајк во 2015 – тата година на забавата на Венити Фер ги остави сите без зборови кога се појави во разголен и транспарентен фустан без долна облека во кој секако изгледаше ултра секси.

Во ист фустан на роденденот на магазинот „Story“ вчеравечер се појави и хрватската пејачка Маја Шупут која доби бројни критики дека целосно го копирала изгледот на манекенката.

Нејзината креација ја потпиша дизајнерот Марко Грубниќ, за разлика од онаа на Шајк која беше креирана од Версаче.

Иако фустанот и прилегаше сосема добро, тоа не ги запре нејзините обожаватели да остават бројни коментари под фотографијата на Инстаграм со кои ја потсетија дека манекенката носеше идентична креација пред три години.

Фустанот е всушност составен од транспарентен комбинезон со црни точки, надограден со црн материјал со кој се покриени интимните делови и слободно паѓа надолу.

Чиј изглед вам ви се допаѓа повеќе?

Извор и фото: Index.hr

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.454 пати