Стилски двобој: Меган Маркл и кралицата Летиција во црвено кожено здолниште

25 октомври 2019

Веќе знаеме дека кралицата Летиција и војвотката од Сасекс, Меган Маркл се едни од најстилските дами во светот, па воопшто не треба да нè чуди фактот што имаат сличен вкус.

Имено, војвотката од Сасекс за самитот на кој се разговараше за рамноправност во деловниот свет се појави во темно црвено здолниште од Хуго Бос, а во истото, ден претходно ја видовме и кралицата Летиција.

Станува збор за кожено здолниште со должина до под колената и висок струк кое е совршен избор за есенските денови, а можете да го комбинирате со безброј варијанти.

Меган се одлучи за комбинација со нежно џемперче во слична нијанса и високи потпетици во иста боја, додека кралицата од Шпанија го комбинираше со лежерна бела кошула со долги ракави со транспарентни детали.

Истото здолниште само во темно зелена нијанса Меган го носеше минатата есен кога заедно со принцот Хари беа во посета на неколку средни училишта.

Тогаш, војвотката здолништето го комбинираше со елегантна кошула во иста нијанса и беж салонки како едни од нејзините омилени.

Кому подобро му стои?

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
25 октомври 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
5.480 пати