Стилски двобој: Меги Гиленхал или Оливија Палермо?

22 септември 2014

Прва во долгиот фустан со цветен принт и мал израз во пределот на деколтето се појави Меги Гиленхал и тоа на настанот организиран од Барбери во Новиот музеј на современа уметност во Њујорк. Изгледот го комплетираше со минимална шминка, салонки со принт и клач чанта.

Неколку месеци подоцна, Оливија Палермо се појави во истата креација од британскиот моден бренд, но комплетирана со сандали од Aguazzuara и шарена марама на предниот дел од фустанот што придонесе за уникатен ефект.

Според Вас, која од двете дами изгледа подобро во цветниот фустан од модната куќа Барбери?

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Стилски двобој