Со спреј за потемнување, неуредна коса, лажен голем стомак и неизоставната црвена вратоврска, Мерил Стрип неодоливо потсетуваше на претседателскиот кандидат Доналд Трамп.

Таа се појави на сцената на Њујоршкиот „Public Theatar“ и со актерката Кристине Барански (која „влезе“ во оделото на Хилари Клинтон“, изведоа дует.

После овој настап, критичарите се согласија дека не постои нешто што повеќекратката оскаровска Мерил Стрип не може да го одглуми.

А Трамп? Па, доволна е само неговата појава.

Кој е подобар Доналд Трамп? Оригиналот или копијата?

Објавено:
8 јуни 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
641 пати