Стилски двобој: Минка Кели или Дита фон Тиз?

23 декември 2013

Минка Кели се одлучи за овој фустан во вино нијанса со накит на горниот транспарентен дел да го носи на овогодинешната гала вечер во њујоркшкиот музеј Метрополитен каде темата беше „Панк хаосот во високата мода“. Од друга страна, Дита фон Тиз истата креација ја носеше пред месец дена на гала вечерта на Wallis Annenberg.

Двете дами изгледаат прекрасно во креацијата на Каролина Херера и токму поради тоа е тешко да се направи избор за тоа која подобро изгледа во неа. Кое е вашето мислење?

Објавено:
23 декември 2013
Категорија: 
Стилски двобој