За денеска одбравме стилски двобој со две познати дами во пролетна комбинација.

Бијонсе Ноулс и Миранда Кер се облечени во ист фустан, креација на модното дуо Долче и Габана.

Моделот одлучи овој цветен фустан да го комбинира со црн мантил од модната куќа „Ескада“ и чевли со принт со потпис на Лубутан. Биркин чантата од „Ермес“ е уште еден моден додаток што го вклучи во изгледот.

Миранда Кер

Од друга страна пак, Бијонсе се одлучи за нешто посветла комбинација. Таа со фустанот носи бел блејзер, беж сандали и чанта со синџири во иста нијанса од брендот „Даниџо“.

Бијонсе

Чие модно издание ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
26 мај 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
926 пати