Денешниот стилски двобој го посветуваме на Ријана. Мултиталентираната ѕвезда во една вечер се појави во мантил-фустани, во слични нијанси, а од два различни бренда.

За промоцијата на нејзината „Fenty Beauty“ во Дубаи, за дневната варијанта се одлучи за како што споменавме, мантил-фустан од модниот бренд „Монс“. Рамениците се откриени, додека половината е истакната си широк и украсен ремен од „Оскар де ла Рента“. 

Стајлингот го комплетираше со впечатлив накит и златни сандали со ремени.

За вечерниот стајлинг Ријана го задржа истиот стилски израз. Повторно одбра фустан-мантил во златна нијанса, од брнедот „Барбери“. Овој пат фустанот го усогласи со ПВЦ сандали, златна чанта и накит.

 

Која комбинација повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
10 октомври 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
314 пати