Стилски двобој: Наоми Вотс или Криси Тејген?

25 ноември 2013

Наоми Вотс ја носеше креацијата која е комбинација од златен горен дел со гол грб во комбинација со црно здолниште од ресорт колекцијата на Александар Меквин, на доделувањето на People’s Choice Awards во Лос Анџелес. Изгледот го надополни со едноставна алка и фризура на страна.

Од друга страна, сопругата на Џон Леџенд ја носеше истата креација на забавата на Vanity Fair . За разлика од 44 годишната актерка која изгледаше поедноставно, Криси го надополни изгледот со блескав накит и клач чанта.

Според вас, на која од овие две убавици подобро и стои креацијата на Меквин?

Објавено:
25 ноември 2013
Категорија: 
Стилски двобој