Со оглед на тоа дека неделава немаше интересни „дупли“ стајлинзи, во потрагата за стилски двобој оваа фотографија ни го привлече вниманието. 

Веруваме дека ова речиси на сите ви измами насмевка на лицето, на поновите генерации што можеби не се запознаени со двојникот на пејачката, мораме да објасниме - на првата фотографија е Ники Минаж, од времето кога беше блондинка и носеше боб фризура. На втората пак, е еден од омилените јунаци на нашето детство, Хи-Мен, од истоимениот цртан филм, кој отсекогаш ја има истата фризура.

Уште поинтересно е што изборот на облека и комбинација на бои на Ники Минаж е речиси идентична на онаа на Хи-Мен.

Чие издание повеќе ви се допаѓа? 

Објавено:
18 мај 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
242 пати