Стилски двобој: Пипа Мидлтон или Џејма Мејс?

10 декември 2013

Секоја сезона симетричните креации владеат во разни форми и големини.

Сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон при посетата во Њујорк носеше креација од Paper London во различни нијанси комбинирана со чанта од Kate Spade и чевли во беж нијанса кои даваат малку спортска конотација на целиот аутфит.

За разлика од неа, Американската актерка и пејачка Џејма Мејс изгледаше поелегантно со истата креација во комбинација со чевли од Casadei.

Според вас, на која дама подобро и стои шарениот симетричен фустан од Paper London?

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Стилски двобој