Стилскиот двобој оваа недела одлучивме да биде помеѓу фамозната Ана Винтур и актерката Роуз Брн.

Винтур на забавата на Moet & Chandon се појави во креација на Ланвин, односно фустан со истакнати црни големи рози како детали и чевли од Маноло Бланик.

Актерата Роуз Брн на премирата на филмот „ Insidious Chapter 2“ во Лос Анџелес исто така се појави во креација на Ланвин со тоа што за разлика од фустанот на Винтур кој изгледаше повеќе класичен и формален, актерката изгледаше гламузорно, дополнувајќи го изгледот со чевли од Џими Чу.

Според вас, која од овие две дами изгледа подобро во фустанот од Ланвин?

Објавено:
23 септември 2013
Категорија: 
Стилски двобој