Селин Дион и Селена Гомез имаат тотално различен стил, но подеднакво добро носат еден ист фустан од Версаче.

Станува збор за познатиот сексапилен црн фустан што Селена Гомез го носеше на МТВ музичките награди во 2013 – таа година, а кој и денеска изгледа подеднакво добро.

Во истиот, само во куса варијанта се појави и Селин Дион во последната епизода од шоуто „The Voice“, во комбинација со црни високи потпетици и раскошна шминка и фризура.

Пред неколку години кога Селена го носеше истиот, таа го комбинираше со транспарентни чевли на висока потпетица и интензивен црн кармин.

Иако и на двете им стои добро и тотално различно, можете ли вие да го одберете вашиот фаворит?

Фото: HuffPost

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
328 пати