Двете актерки за сосема различни настани се одлучија за ист модел на фустан од Бурбери Прорсум, во пастелно розова нијанса во пенкало стил, под колената, без ракави.

Прво Сиена Милер која е заштитно лице на пролетната колекција за 2014 година на Бурбери ја носеше оваа креација на доделувањето на наградите Тони. Изгледот го надополни со салонки во беж нијанса и едноставна шминка со акцент на усните.

Неколку месеци подоцна Гема Чан го носеше фустанот на премиерата на „Jack Ryan: Shadow Recruit“, а изгледот го надополни со чанта од Бурбери и црни сандали од Сен Лоран.

Според вас, на која од овие две актерки поубаво и стои романтичната креација од Бурбери Прорсум?

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Стилски двобој