Стилски двобој: Тамара Вучиќ или Меланија Трамп

24 јуни 2017

Една од најактуелните теми деновиве кога е балканската политичка сцена во прашање, е инаугурацијата на Александар Вучиќ, која се случи вчера. Од денеска тој е новиот претседател на Република Србија, но фокусот овде повеќе е неговата сопруга Тамара, односно нејзиниот изглед за време на свеченоста.

фото извор: espreso.rs/Reuters

Таа неодамна стана мајка по трет пат, па овој фустан со прав крој помага при сокривањето на стомакот по бременоста. Но, она што веднаш се забележува е колку креацијата е слична со онаа што ја носеше Меланија Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Замислата е идентична, кројот речиси ист, бојата е исто така светла, но не и реализацијата. Фустанот на Тамара е изработен од друг материјал, а и бидејќи има поинаква фигура од првата дама на САД, впечатокот е поинаков. Сепак, сличноста е и повеќе од забележлива.

фото извор: noizz.rs/tanja valjic/tanjug

фото извор: jutarnji.hr/Pedja Milosavljevic/CROPIX

фото извор: telegraph.co.uk/getty

Со оглед на тоа дека за сопругата на Вучиќ многу малку се знае, така и информацијата за тоа кој е креаторот на фустанот на Тамара за овој повод изостана во соседните медиуми.

Објавено:
24 јуни 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
3.253 пати