Денешниот стилски двобој го посветуваме на Софија Вергара.

На годинешното издание на САГ наградите, одржани кон крајот на јануари, атрактивната актерка се појави во пинк креација на Вера Ванг.

Софија Вергара не прави големи експерименти кога е кројот на фустаните во прашање, така што оние што ја следат линијата на телото се нејзин прв избор.

Со пинк креацијата таа несомнено го привлече вниманието врз себе. Масивен ѓердан и плик чанта во истата боја беа нејзиниот избор на модни додатоци за овој фустан.

На истата манифестација во 2012 година, Вергара исто така се одлучи за пинк креација, но овој пат од модната куќа „Маркеза“.

Со овој фустан, Вергара се одлучила за впечатлива алка и обетки, како и клач чанта во виолетово-сини нијанси. 

Актерката ретко кога може да се види со собрана коса, но во 2012 токму за таква фризура се одлучи. На последното издание на САГ пак, повторно беше со препознатливата фризура.

Кое издание на актерката повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
24 февруари 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.564 пати