Овој стилски двобој го посветуваме на пејачката Тејлор Свифт. Таа и на годинешното издание на „Греми“ се појави во впечатлива модна комбинација, по што нејзиниот изглед беше анализиран на долго и на широко.

За краткиот боб на Тејлор многумина велат дека се инспирирала од Ана Винтур. Но, кога е креацијата во прашање, дел од модните стручњаци велат дека пејачката почнала да се облекува по шаблон.

Тејлор Свитф во „Версаче“

Широкото здолниште со потпис на Версаче многумина ги потсети на здолништето на фустанот на Зухаир Мурад, креација што пејачката ја одбра за минатогодишното издание на музичката манифестација.

Тејлор Свифт во креација на Зухаир Мурад

И лани, како и оваа година, Тејлор избра да носи сандали. Минатата година беа виолетови, а оваа златни.

Која комбинација на пејачката повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
17 февруари 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.609 пати