На неодамна одржаните „Ем-ти-ви“ видео музички награди, најголемо внимание привлече кореографката Тејана Тејлор. 

Причината е најзиниот стајлинг, кој беше идентичен на оној на Џенет Џексон од 1995 година, на истата манифестација, за истата награда.

Тејана, која ја освои наградата за најдобра кореографија за спотот за песната на Канје „Fade“ на тој начин сакаше да ѝ оддаде почит на пејачката, а веројатно да го сврти и малку повеќе вниманието кон себе и на тој начин да го прослави успехот.

Покрај стајлингот, се коментираше и нејзиниот совршен изглед и стомачните мускули што гордо ги покажа.

Сепак, на која подобро ѝ стои?

Објавено:
30 август 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
171 пати