Две познати дами, моделот Жизел Бундшен и актерката Дајан Кругер, одбраа ист фустан од брендот „Муглер“, од ресорт колекцијата за 2017 година.

Се работи за црно-бела креација , со отвор во делот на половината, што бара совршено тело.

Жизел го носеше фустанот на минатонеделниот настан организиран од „Пантен Институтот“ во Мексико Сити.

Дајан пак, се одлучи за оваа креација при едно телевизиско гостување уште во август годинава.

Инаку, едната го фустанот чија цена изнесува 595 долари, го комбинираше со црни, а другата со бели сандали.

И двете се одлучија за пуштена и брановидна коса.

Чие издание повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
231 пати