10 работи што не ги знаевме за лубеницата

27 јуни 2017

Во жешките летни денови, едно од идеалните освежувања ги нуди токму лубеницата.  Веројатно сте слушнале дека е добра за бубрезите, за прочистувањето на организмот и слично, но во продолжение ќе прочитате уште неколку интересни информации што ќе направат да ја засакате лубеницата, дури и ако припаѓате на тимот обожаватели на диња :)

 фото извор: suwalls.com

#1 Има само 46 калории на 150 грама.

#2 Лубеницата нуди дури 20 проценти од препорачаниот внес на витамин Ц и 17 проценти од витамин А.

#3 Богата е со растителни влакна, што помагаат при варењето, а содржи и калум, минералот што го регулира крвниот притисок.

фото извор: Инстаграм

#4 Лубеницата има свој месец. Да, јули во САД е прогласен за Национален месец на лубеницата!

#5 Речиси 92 проценти од лубеницата е вода. Со оглед дека дехидратацијата е честа појава во лето која предизвикува главоболка, слаба концентрација, променливо расположение и умор, лубеницата е вистинскиот лек, бидејќи има неверојатна моќ на хидратација.

фото извор: Инстаграм

#6 Во 150 грама лубеница се содржи 1.5 пати повеќе хранливи материи во однос на домати со таа грамажа. Всушност, лубеницата содржи 6 милиграми ликопен (моќен антиоксидант), додека во доматот има четири. Ликопенот помага во зајакнувањето на имунтитетот, како и во борбата против срцеви заболувања. За да ги почувствувате сите придобивки од лубеницата, се препорачува пред сечењето да се чува на собна температура.

#7 Лубеницата е и овошје и зеленчук. Во иста група е со тиквите, тиквичките и краставиците, а заедно припаѓаат на фамилијата „Cucurbitaceae“, што ја прави зеленчук, но има сладок вкус како овошје.

фото извор: mblogfashion.blogspot

#8 Сокот од лубеницата ги крепи мускулите. После напорното вежбање, во лето не пропуштајте да пиете сок од лубеница, бидејќи тој ќе ги смири и закрепи мускулите. Според податоците на една шпанска студија спортистите што консумирале повеќе од 450 мл.сок од лубеница пред тренингот чувствувале помалку замор во мускулите.

фото извор: Инстаграм

#9 Лубеницата како вијагра! Имено, ова овошје/зеленчук содржи природна супстанца цитрулин, која помага при подобрувањето на функциите на артериите и нискиот крвен притисок, односно помага при опуштањето на крвните садови (оттаму и #8). Но, научниците од Универзитетот во Тексас заклучиле дека лубеницата, токму поради цитрулинот има ефект и на вијагра. Инаку, оваа состојка се наоѓа под црвениот дел, односно повеќе во кората на лубеницата.

фото извор: thevegguy.com/blog/

#10 Има и жолта лубеница. Иако не е тоа-тоа, сепак постои и таква и наречена е „Yellow Crimson“. Внатрешноста на лубеницата е жолта, поблага е од црвената и вкусот потсетува на мед. Надворешно е тешко да се разликуваат бидејќи се исти. Сè уште нема податоци која е поздрава, бидејќи повеќето студии се правени само за црвената.

Објавено:
27 јуни 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
4.181 пати