10 тајни од италијанската кујна

21 август 2017

Италијанските специјалитети се едни од омилените на многумина. Честопати и дома приготвуваме нешто од богатата кујна на Италијанците, па токму затоа во продолжение ќе прочитате 10 тајни што ќе ги направат вашите јадења уште повкусни:

Не додавајте маслиново масло во зовриената вода за паста

Иако така нè учеле, сепак маслиновото масло не треба да се става во зовриената вода. На тој начин нема да го спречите лепењето на пастата. Тоа ќе го постигнете ако почесто ги мешате. Инаку, со додавањето на масло во водата ќе придонесете само за масна паста на која сосот нема да се задржи, туку ќе лизга.

Не ја преливајте пастата само со сос

Една од најголемите грешки што речиси сите ја правиме е не е само колку сос треба да ставиме во порцијата, туку како и да го инкорпорираме во пастата. Шпагетите на пример, никогаш не треба да стојат во чинија со голема „дамка“ сос одозгора. Треба да ја измешате целата паста со сиот сос и додека шпагетите се уште топли, за комплетно да се соединат вкусовите.

Правило за сосот – помалку е повеќе

Најчесто купуваме сосови со милион состојки и тоа најчесто во тегла. Правилото број еден е секогаш да си направите свој, домашен доамтен сосс, а правилото број два е да запаметите дека помалку е повеќе. На пример, болоњезе сосот најчесто оди со дебело исечени тестенини, како јуфките. Во Италија нема да најдете порција каде тестетините пливаат во сос. Секогаш тестетнините доминираат откако првин ќе направите како во точка број два.

Колку се потенки тестенините, толку подобро

Ова се однесува на тоа ако си правите домашни тестенини. А најголемиот штос е во тоа да не ви се искинат, односно распаднат. Според Џовани Рана, италијански шеф, идеалната „дебелина“ на пастата е помеѓу 0.2 до 0.4 милиметри. Во Италија постои правило дека треба да се речиси транспарентни, да можеш весник да читаш низ нив. Многу тенко? Ова е предизвик само за големите мајстори со тесто.

Направете десерт со равиоли и нутела

Пржени равиоли со Нутела е нешто што ќе ги освои сите. Ако не ги сакате полни со еурокрем, можете да ги комбинирате со смокви или друго суво овошје, а можете да си направите и пржени равиоли со прав шеќер.

Направете лут доматен сос со салама

Еден од најдобрите лути доматни сосови имаат состојка што ќе ве изненади – жешка салама. Таа се меша со сосот. Трикот е да го исечете месотот на ленти и го пропржувате во маслиново масло додека не стане крцкаво, а потоа така жешко го додавате во сосот, во кој претходно сте додале и лути феферончиња. На тој начин тексурата и вкусот од сосот ќе се соединат и со месото.

Бирајте вино според тоа колку е благо

 

Секогаш користете намирници што се колку што може посвежи

Вашите домашни јадења се добри колку и состојките што ги користите, а тоа е посебно точно во случајот со пастата. Домашните јајца се најдобри за правење паста, како и високо-квалитетно брашно. Разликата веднаш ќе ја вкусите.

И подлогата е важна

Ако правите домашна паста, исто важно колку и состојките е и подлогата на кои ги месите и сечете. Најдобри се оние изработени од дрво, мермер или нерѓосувачки челик. На нив ќе можете да месите со сукало без да стравувате дека тестото ќе ви се залепи.

Никогаш не следете го слепо рецептот

Убавината на специјалитетите со паста е што секогаш можете да ги менувате. Можете да додадете што сакате и ќе излезе супер. Немате обични домати? Нема проблем, може и шери, а може и морски плодови, лимон, мајчина душичка, нане...

 

Бонус: Чоколадна салама

Ова е исто така популарен десерт во Италија, иако оригинално потекнува од Португалија. Се мешаат топена чоколада, искршени бискиви, путер и лешници, или ореви, бадеми (или сè заедно). Понекогаш можете да додадете некој алкохол, како коњак или ликер и да измешате сè заедно. Потоа завиткајте во форма на салама и сечете на парчиња. Финалниот производ има вкус на кафен путер и се топи во уста. 

Објавено:
21 август 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.232 пати