Веќе подолго време желе тортите се вистински хит низ светот, но она што оваа дама го прави е вистинска и неверојатно уметност.

Имено, таа ја раскажува нејзината приказна за популарниот сајт Bored Panda во која вели дека го обожува она што го прави и дека ниту ракот на градите што и бил дијагностициран во 2017 – тата, не ја спречил да создава уметнички дела.

„Во деновите кога се чувствував добро, им правев торти на моите доктори и целиот тим што се грижеше за мене“, вели Сју Бон.

Таа додава дека за време на борбата со ракот, постојано се фокусирала кон изработката на ваквите прекрасни 3Д торти, за да си го одвлече вниманието и да заборави на физичката болка.

„Во ниту еден момент не дозволив болеста да застане на мојот пат и да ме натера да престанам да го работам она што го сакам. Во иднина, сакам да се фокусирам на тоа да се усовршам во оваа работа и да изработувам прекрасни дела за другите“, додава Сју во текстот.

Таа објаснува дека секое парче го создава околу четири часа, а цвеќињата и сè останато што гледате ги прави со помош на шприц директно во веќе подготвеното транспарентно желе. Додава и дека за изработка на истите е потребно многу трпение и креативност.

Во галеријата погледнете дел од прекрасните торти што оваа креативна и инспиративна дама ги изработува, а во видеото и како истите ги прави.

Инфо и фото: Bored panda

Објавено:
28 ноември 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
275 пати