Киндер буено колач - не се пече и се топи во уста!

6 септември 2019

Ако се љубител на благи и кремасти работи, а притоа не сте расположени да ја уклучувате рерната, тогаш ова е рецептот за вас.

Киндер буено е колачот се прави брзо и постојано ќе му се навраќате.

Потребни состојки:

Основа: 

околу 300 грама бисквити

250 грама темен еурокрем (Нутела или некој друг)

За кремот:

500 мл млеко

1.5 пудинг од ванила

250 гр. маскарпоне сирење

2 ќесички ванилин шеќер

3 лажици шеќер

300 мл крема за шлаг

100 гр. пржени и мелени лешници

млеко за бисквитите

Прелив:

200 гр. чоколадо за готвење

200 мл. шлаг-крем


Подготовка:

-Првин почнете од кремот за да се излади

-Во сад ставете ја содржината од пудингот, додајте шеќер и малку млеко, па промешајте.

-Остатокот од млекото ставете да се вари. Кога ќе зоврие, ставете ја течноста со пудингот и сварете го.

-Откако ќе се свари пудингот, префрлете го во друг сад и покријте го со транспарентна фолија. Оставете да се излади.

-За тоа време на еден сад поставете обрач со димензии 25х29 см. (или директно во сад со отприлика тие димензии).

-Бисквитите натопете ги во млеко, а потоа редете ги во садот.

-Потоа, еурокремот омекнете го во микробранова и прелијте ја преку бисквитите.

-Одозгора наредете уште еден слој бисквити, а потоа ставете го садот во ладилник.

-Во меѓувреме почнете да го подготвувате кремот. Кога пудингот ќе се излади, иматете го со миксер. Додајте го маскарпонето, ванилин шеќер и соединете ја смесата.

-Во посебен сад ставете ја слатката павлака/односно смесата за шлаг крема, и матете со миксер, но не премногу. Штом се зацврсти и не лизга од садот, време е да го исклучите миксерот. 

-Шлагот додадете го во пудингот и мешајте со лажица.

-Во истата смеса додајте ги лешниците и продолжете да мешате додека смесата не се соедини.

-Извадете го садот со бисквитите од ладилник, и врз нив распоредете ја смесата, а потоа повторно вратете го во ладилник.

-Во меѓувреме направете го преливот. Слатката павлака или смесата за шлаг (со млеко) загрејте ја на средна температура до вриење. Потоа течноста прелијте ја преку коцките чоколадо за готвење. Мешајте додека чоколадото не се истопи, а потоа изладете го и прелијте го колачот.

-Колачот вратете го во ладилник да отстои колку што може повеќе, за да омекнат бисквитите, а останатите состојки добијат цврстина. А потоа уживајте во десертот!

Видеото можете да го погледете ТУКА.

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.073 пати
Извор: 
www.kolaci.biz