Ќе ги обожавате: Највкусните „браунис“ што се прават за половина час!

16 август 2019

Иако летото е за сладолед, постојат моменти кога посакуваме нешто вистински чоколадно, па потребен нѝ е брз десерт во кој ќе ужива целото семејство.

Овој фантастичен рецепт за американски „браунис“ колачиња е навистина едноставен, па може да го направи скоро секој, па дури и оние кои не се баш снаодливи во кујната.

Фото: King Arthur Flour

За овој рецепт не ви е потребно многу време, дел од намирниците можеби веќе ги имате дома, а ќе го сакаат сите. На основниот рецепт вие може да му додадете и овошје или намирници по ваш избор за десертот да стане уште побогат.

Потребно:

100гр. шеќер

150 гр. путер

200 гр. чоколадо

Четири јајца

140 гр. пченично брашно

Една лажица прашок за пециво

Еден ванилин шеќер

Малку бадеми

Фото: Vegan Recipe Hub

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилата во хомогена смеса. На страна на оган, растопете го путерот и измешајте го со чоколадото па оставете го да се излади. Брашното измешајте го со прашокот за пециво и додадете го во првата смеса, а потоа во истата ставете го и изладеното чоколадо и путерот. Добро мешајте додека смесата не се соедини, па сосема на крајот додадете ги и исечканите бадеми, ставете го тестото во тава за печење, задолжително на хартија, и печете на 200 степени околу 25 минути. Кога колачот ќе биде готов, исечете го на коцки, послужете во чинија со топка сладолед и уживајте.

Фото: Tasty

Добар апетит!

Инфо: Fashion.hr

Објавено:
16 август 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.956 пати