Летен десерт: Мек и сочен колач со овошје

30 јули 2019

Во текот на летото секогаш бараме некоја лесна храна што нема да нѝ го оптовари организмот, а сепак ќе бидеме сити и задоволни.

Покрај внимателно одбраните главни оброци, подеднакво важен е и десертот кој некако не можеме да го прескокнеме, па затоа секогаш гледаме да не е многу тежок.

Во прилог ќе прочитате рецепт за супер вкусен, сочен и мек колач со овошје што во моментот го имате во ладилникот, а треба што побрзо да го потрошите.

marko_miscevic_cropix

Овој десерт е совршен за целото семејство, а верувајте дека и вашите дечиња ќе го обожаваат благодарение на вкусната и здрава крема со која изобилува.

Потребно за тестото:

Девет белки

300 грама шеќер

Малку сол

Една лажица јаболков оцет

fashion.hr/veganthropy_by_jelena

Потребно за кремата:

Девет жолчки

300 мл.млеко

Четири лажици шеќер

Четири лажици брашно

Ванилин шеќер

250 гр.путер

Останато:

Овошје по избор, 500 мл.слатка павлака

www.finetorte.hr

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, па во садот со белки додадете малку сол и добро изматете. Додадете го оцетот и шеќерот и матете со миксер уште некое време. Кога ќе добиете цврста смеса, ставете го во тава за печење обложена со хартија за печење и печете 60 минути на 150 степени. Готовото тесто исечете го на три еднакви делови. Во друг сад, изматете ги жолчките, додадете го брашното и ванилата. Млекото ставете го да се затопли, па додадете го во смесата и мешајте да се згусне. Во изладената крема, додајте го путерот и добро измешајте. Во друг сад, изматете ја добро слатката павлака.

На дното во чинијата каде ќе ја редите тортата ставете една од печените кори, измачкајте ја со крема, ставете ред овошје по ваш избор, (ако ставате банани попрскајте ги со лимонов сок за да не потемнат) и на крај со слатка павлака и повторете ја постапката и со останатите две кори. На крај целата торта покријте ја со слатка павлака и украсете со овошје по избор.

fashion.hr/veganthropy_by_jelena

Инфо: Fashion.hr/ veganthropy_by_jelena/coolinarika.com

 

Објавено:
30 јули 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
381 пати