Најслатките и наједноставни колачи за Велигден

12 април 2017

На само неколку дена пред еден од најубавите празници Велигден, време е да почнете со подготовките, особено кога станува збор за слатките.

Едни од најубавите колачиња од кои никогаш нема да се заситиме се дефинитивно познатите „ванилици“ кои се добредојдени во секое време.

Сања Мијац, авторката на блогот „Domaćica“ каде ќе најдете супер рецепти за било кој празник, вели дека ова се најубавите колачиња кои се навистина меки и вкусни за јадење, а можете да ги обликувате како сакате.

За овој рецепт таа употребува многу едноставни состојки кои ќе ги обожавате, а истите изгледаат навистина слатко и пролетно.

Полнењето може да биде по желба, на пример со мармалад, со крем, или нешто сосема друго по ваш избор.

Потребно:

200 гр. путер или маргарин да отстои малку на собна температура

Две жолчки

100 гр.шеќер

Две кесички ванилин шеќер

300 гр.брашно

Подготовка:

Во длабок сад со миксер измешајте ги жолчките и шеќерот, па потоа рачно месете го добиеното тесто. Не треба да додавате ниту млеко, ниту вода. Ако мислите дека тестото е меко, ставете го во ладилник да постои околу 30 минути. На добро подмачкана подлога добро истегнете го тестото за да можете да почнете да правите фигури. Загрејте ја печката на 180 степени, а тавата за печење обложете ја со хартија за печење.

Секоја форма со која ги правите колачињата извалкајте ја во брашно за да може колачињата добро да се вадат. Откако ќе ги извадите формите, ставете ги во тавата за печење и печете околу 10 до 15 минути, но внимавајте да не изгорат. Печените колачиња премачкајте ги со што сакате, или пак залепете ги едно со друго со мармалад или нешто по ваша желба. Наросете со шеќер во прав и уживајте!

Објавено:
12 април 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
746 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr