Најубавите чоколадни колачиња за Денот на вљубените

14 февруари 2017

Доколку вечерва решивте да останете дома и да му подготвите вкусна вечера на саканиот, тогаш дефинитивно мора да размислувате и за совршениот десерт.

Ние денеска ви предлагаме едни ултра вкусни чоколадни колачиња со неколку едноставни намирници за кои мора да имате калап во форма на срце за впечатокот да биде уште посилен.

Во продолжение читате што ви е потребно и како да го направите овој совршен десерт за кратко време!

Потребно:

-3 јајца

-1 ½ лажица шеќер

-1/4 шолја шеќер (за смесата со белките)

-1/2 шолја брашно

-3 лажици топла вода

-1 ½ лажица масло

-3 1/3 лажици слатка павлака (со поголема масленост)

-1 ½ лажица шеќер

-Малку чоколадо

-Декорации по избор

Подготовка:

Загрејте ја печката на 180 степени додека ја подготвувате смесата. Одвојте ги жолчките од белките и ставете ги во два различни длабоки садови. Почнете да ги матите белките постепено додавајќи го шеќерот и матете додека смесата не стане густа. Во оној сад со жолчки додајте го маслото, преостанатиот шеќер и топлата вода и мешајте додека смесата не се соедини. Додајте го брашното во оваа смеса и продолжете со мешање. Постепено во оваа додадете ја и смесата со белките и мешајте додека сето тоа добро не се соедини. Во голема тава за печење ставете хартија и врз неа истурете ја смесата. Печете околу 12 минути на 180 степени. Откако малку ќе се излади смесата, направете срциња со калапот и ставете ги на страна. Измешајте ја слатката павлака со малку шеќер и користете ја како крем за колачињата со што откако ќе ги намачкате, ќе ги затворите едно со друго. Сосема на крајот, одозгора премачкајте ги со стопеното чоколадо и украсете по желба.

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
706 пати